Раководството на ПСЖ се уште го нема промовирано потпишувањето на договор со голманот Џанлуиџи Буфон.
Според медиумите во Италија клубот чека каков ќе биде периодот на казната која ќе ја заработи за исклучувањето, а треба да ја објават од УЕФА.
Како фудбалер на Јувентус Буфон беше исклучен во реваншот од 1/4-финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид (3:1), откако го нападна вербално главниот судија на натпреварот Мајкл Оливер. Двете страни веќе се согласија за двегодишен договор. Во исто време клубот одлучи да ја почека одлуката на УЕФА, за да знае колку долго ќе биде дисквалификуван Буфон.
40-годишниот голман може да премине во ПСЖ со слободен трансфер, бидејќи неговиот договор со Јувентус истече.