ПСЖ веќе ја гледа опцијата кој би можел да биде адекватна замена за Килијан Мбапе во составот на нивната екипа. Станува збор за Рафаел Леао кој би требало да дојде од Милан во редовите на ПСЖ по заминувањето на Мбапе.
За да го имаат Рафаел Леао во својот состав, парижаните мора да му платат на Милан 175 милиони евра. Вчера излезе информација дека Французинот одлучно одбил да го продолжи договорот со клубот и на лето ќе се пресели во Реал Мадрид како слободен играч.
Парижаните се одлучија да го ангажираат 24-годишниот Португалец бидејќи тој игра како лево крило – на истата позиција како Мбапе. Првично, се веруваше дека опцијата број 1 е напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен.