Напаѓачот на Барселона, Осман Дембеле е многу блиску до преселба во Пари Сен Жермен, објавија медиумите во Франција.
Според изворот, клубот од Париз е во многу напредни преговори со играчот и ќе ја активира откупната клаузула на играчот за 50 милиони евра.Оваа клаузула важи само до 31 јули оваа година. Од почетокот на август минималниот износ на обештетување за играчот ќе биде 100 милиони евра.
Осман е многу заинтересиран за парискиот клубски проект. Трансферот на Дембеле нема за цел да го замени Килијан Мбапе, кој се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид. Францускиот напаѓач игра за Барселона од 2017 година, каде се пресели од Борусија Дортмунд за 105 милиони евра.