Раководството на ПСЖ тргнува по потписот на играчот за врска на Лион, Усем Ауар, тврди Л’Екип.
Во моментов, клубовите наводно веќе преговараат. Претходно се дозна дека лондонски Арсенал и Јувентус се заинтересирани за играчот. Досега, токму Британците беа најактивни, но и покрај неколкуте понуди, од Лион се уште не дале зелено светло за трансферот.
Претседателот на Лион, Жан-Мишел Ола веќе објави дека клубот очекува да добие најмалку 40 милиони евра за Ауар, сума која Арсенал досега не ја понудил.