Напаѓачот на француски Лил, Рафаел Леао, е многу близу до трансфер во Валенсија. Како што објави весникот Л’Екип, Шпанците за него веќе имаат одлична понуда од 35 милиони евра плус 5 милиони во форма на бонуси.
Според изворот, клубовите веќе се согласиле за трансфер на 20-годишниот фудбалер и само некои детали од договорот треба да се решат.
Леао се пресели во Лил од португалски Спортинг минатото лето.