Раководството на Парма имало средба со агентот на Марио Балотели, Мино Раиола. Информацијата беше потврдена од спортскиот директор на повратниците во Серија “А”, Даниеле Фаџано, кој побрза да напомене дека клубот треба да биде внимателен со буџетот со кој располага.
Балотели е поврзуван со трансфер во Парма во последните недели, но има договор за уште една година со француска Ница, која како отштета за него бара 10 милиони евра.
„Се сретнав со агентите на некои фудбалери, како и со оној на Марио Балотели. Марио е фудбалер кој не е лесно да се добие. Треба да бидеме внимателни со буџетот со кој располагаме“, потврдил Фаџано.