Македонската ракометната репрезентација ќе игра против Унгарија, Гвинеја и Холандија во рамките на групата „Д“ на Светското првенство догодина во Хрватска, Норвешка и Данска.
Ждрепката сакаше избраниците на Кире Лазаров во првата фаза да настапуваат во хрватскиот град Вараждин.
Еве ги другите групи.
А-Германија, Швајцарија, Полска, Чешка
Б-Данска, Тунис, Алжир, Италија
Ц-Австрија, Кувајт, Катар, Франција
Е-Норвешка, САД, Бразил, Португалија
Ф-Шведска, Чиле, Јапонија, Шпанија
Г-Словенија, Куба, Исланд, Зеленортски острови
Х-Хрватска, Бахреин, Аргентина, Египет
Ракометниот Мундијал ќе биде реализиран догодина од 4 јануари до 2 февруари.