Репрезентативците на Македонија пристигнаа во Битола, каде ќе ги започнат квалификациите за Европското првенство во 2020 година што ќе се одржи во Автсрија, Норвешка и Шведска.
Ракометарите добија неколку слободни часови од селекторот Раул Гонзалез, и истото го искористија со кафе и дружба на Широк Сокак. Вечерва, во салата „Боро Чурлевски“ во Битола која е целосно подготвена за овој ракометен спектакл треба да го одработат и последниот тренинг пред дуелот со Турција, кој е закажан од 17:00 часот и ќе биде од затворeн карактер.
Натпреварот против Турција се игра утре од 20:15 часот, а од РФМ веќе информираа дека влезниците за оваа средба се распродадени, што значи дека Македонија за оваа средба ќе има максимална поддршка од повликата во Битола. Веќе в недела Македонија во Кожани го игра вториот натпревар од овие квалификации, против Грција.