Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска во Виљнус ја совлада домашната Литванија со 31:28 во рамките на 2 коло во квалификациите за ЕП 2024 година.
По убедливиот триумф против Азербејџан со 40-17, Македонија сега со втората победа направи голем чекор кон европскиот собир. Сара Ристовска имаше 9 голови а Андреа Седлоска 8. На голот одлична беше Јована Мицеска со осум одбрани. Кај домаќинот, Арчисевскаја постигна девет голови.
Македонија и Шпанија кои се лидери на табелата со максимални 4 бодови, ќе се сретнат во наредната рунда закажана за догодина на 28 февруари. Македонија ќе биде домаќин.