Ракометната репрезентација на Македонија е поразена на гостувањето во Кожани во 2. коло од квалификациите за ЕП 2020 година. Она што не можевме ниту да го сонуваме ни се случи на јаве. Уште една очајна партија која домашните мудро ја искористија и дојдоа до конечни 28-26 за еден од најтешките порази во историјата на нашата ракометна репрезентација.
Тоталниот аутсајдер во групата, кој пред само неколку дена загуби на гостувањето на Исланд со 14 голови разлика, успеа да обезбеди историска победа за себе на дуелот против фаворизираната Македонија. Ние со овој пораз остануваме чекор назад зад Исланд кој сега веќе е апсолутен фаворит за освојување на првото метсо во групата, откако денеска убедливо ја совлада и Турција на гостински терен.
Најдобар стрелец кај Македонија беше Лазаров со седум гола. Во следното коло од групата во април гостуваме на Исланд,