Англискиот премиерлигаш Фулам утрово го разреши менаџерот Славиша Јокановиќ и на негово место веднаш го назначи, некогашниот тренер на екипата на Лестер, Клаудио Раниери.
Јокановиќ заминува откако на стартот на новата сезона освои само 5 бода во 12 одиграни натпревари.
Раниери по куса пауза, повторно се враќа во Премиер лигата. 67-годишниот стратег кој го предводеше Лестер до титулата во 2016 година ќе се обиде да го извади Фулам од кризата и да го задржи во елитата и следната сезона.