Селекторот на машката сениорска репрезентација, Раул Гонзалез го објави списокот на ракометари кои патуваат на претстојното СП 2019 во Германија и Данска.
На списокот се најдоа 18 ракометари кои ќе се обидат да ја однесат Македонија во втората фаза на првенството, иако се наоѓаме во исклучително тешка група.
Репрезентацијата на Македонија првиот натпревар на СП 2019 ќе го одигра на 11.01.2019 (петок) против селекцијата на Јапонија со почеток во 15:30 часот.