Откако ја забележавме првата победа на СП во ракомет во стартниот натпревар против Јапонија и еден ден одмор, македонската репрезентација денеска продолжува со натпреварите на Светското првенство кое се одржува во Германија и Данска. Македонија денес ќе атакува кон нови бодови на СП , а за противник ја има селекција на Бахреин, натпреварот започнува во 14 часот.
Селекторот на нашата репрезентација Раул Гонзалез не планира да прави во составот на нашата селекција за оваа средба, па повторно на трибините ќе останат пикерот Милан Лазаревски и голманот Златко Даскаловски.
Во конкуренција за настап на оваа средба остануваа истите кои беа во составот и на средбата со Јапонија.
СОСТАВ: Борко Ристоски, Никола Митревски, Дејан Манасков, Филип Лазаров, Фили Талевски, Филип Кузмановски, Филип Чурлевски, Горан Крстевски, Мартин Серафимов, Кире Лазаров, Мартин Поповски, Гоце Георгиевки, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевки, Велко Маркоски и Марио Танкоски.
Македонија досега нема играно натпревар против Бахреин кој учествува по трет па на ракометното светско првенство. Нашиот денешен противник во првото коло очекувано беше убедливо совладан од селекцијата на Шпанија со 33:23. Интересно е тоа што последната контрола на Бахреин пред ова СП беше мечот со Грција кој го добија со 27:19.