Напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго е под знак прашалник за настап во 1/8-финалниот натпревар од Купот на Шпанија со Атлетико Мадрид, пренесува шпанскиот весник „АС“.
Според изворот,Родриго не можел да учествува на тренингот со останатите играи вчера. Не е познато дали напаѓачот има здравствени проблеми или станува збор за некаква повреда.
Сепак, извори од клубот споменале дека Родиго е крајно неизвесен за настап во Купот.