Кошаркарите на Реал Мадрид го освоија првиот трофеј оваа сезона. Тие синоќа во финалето на Суперкупот на Шпанија ја совладаа Уникаха со 88-81.
Натпреварот во Мурсија започна и заврши израмнето. Иако во одреден дел од мечот се чинеше дека Реал лесно ќе дојде до трофејот, екипата од Малага го доби третиот период со 25-17 и најави сосема неизвесна завршница во последните 10 минути.
Сепак, финишот им припадна на “кралевите“ кои дојдоа до нов пехар во клупските витрини. Најефикасен на мечот беше Кампацо со 17 поени, колку што имаше и Хезоња.