Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе е се позагрижен за нивото на неговата игра во Реал Мадрид, пренесува „Марка“.
Според изворот, 25-годишниот фудбалер е под притисок и од тоа што вторпат по ред не добива повик во француската репрезентација, исто така е во судски спор со својот поранешен клуб ПСЖ, а медиумите претходно ја истакнаа неговата можна вмешаност во силување кое се случило во еден од хотелите во Стокхолм.
Сепак, Мбапе е активно поддржан од останатите играчи на Кралскиот клуб, кои не му дозволуваат да „падне во очај“. Се нагласува дека напаѓачот си нашол добар пријател во Брахим Дијаз. Него го бодрат и француските играчи на Реал Мадрид: Едуардо Камавинга, Аурелиен Чоамени и Ферланд Менди.