Раководството на Реал Мадрид планира да ангажира фудбалер од нападот и тоа во следниот преоден рок. Според „Дејли мирор“, кралскиот клуб ќе се обиде да го купи Садио Мане од Ливерпул.
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го сака Килијан Мбапе, но на „Сантијаго Бернабеу“ не се оптимисти дека можат да го привлечат францускиот фудбалер од ПСЖ.
Зизу секако со големо внимание го следи и Садио Мане кој е еден од клучните играчи на Ливерпул. Сенегалецот има договор со „црвените“ уште три сезони. Сепак се верува дека понудата од 160 милиони евра има тенденција да ги убеди челниците на клубот од Ливерпул. Герет Бејл и следното лето ќе се смета за играч кој ќе замине од Мадрид.