Буџетот за летниот трансфер период на Реал Мадрид ќе надмине 400 милиони евра, пренесуваат медиумите во Шпанија.
Според истите, мадридскиот клуб ќе ги постигне овие бројки поради приходите од освојувањето на Лигата на шампионите, како и поради заминувањето на Герет Бејл, Иско и Марсело, кои земаа големи плати.
Исто така, се најавува дека вкупниот приход на Реал Мадрид за сезоната во Лигата на шампионите бил 160 милиони евра.
Се истакнува дека Реал Мадрид очекува и разделба со Хесус Ваљехо, Марко Асенсио, Даниел Себаљос, Лука Јовиќ или Маријано Дијаз, што исто така позитивно ќе се одрази на платниот список на клубот и ќе ги зголеми можностите за трансфери на Реал Мадрид.
Така, на лето мадридскиот клуб може да смета на 408 милиони евра во трансфер буџетот. Покрај тоа, ограничувањето на платите на Реал Мадрид значително се зголеми – ако во сезоната 2021/2022 клубот можеше да потроши 350 милиони евра за плати на играчите, тогаш во сезоната 2022/2023 оваа сума ќе се зголеми на 740 милиони евра.