Фудбалерите на Спортинг Лисабон, Гонсало Инасио, Усман Диоманде и Зено Дебаст се на мета на Реал Мадрид.
Според одредени извори, Кралскиот клуб сака да ја засили одбранбената линија откако централниот дефанзивец на Реал Мадрид, Едер Милитао ги повреди вкрстените лигаменти и ќе паузира до крајот на оваа сезона.
Договорите на 23-годишниот Инасио и 20-годишниот Диоманде се потпишани со Спортинг до летото 2027 година. Договорот на 21-годишниот Дебаст е до летото 2029 година. По 12 натпревари од шпанската Ла Лига, мадридскиот клуб има 27 бодови и моментално е на второто место.