Актуелниот шампион на Европа, Реал Мадрид ќе направи доста изненадувачки трансфер и ќе го привлече играчот од средниот ред на Арсенал, Арон Рамзи, пишува весникот „Мирор“.
Велшкиот интернационалец има договор со Арсенал кој истекува по крајот на сезоната и двете страни немаат намера да потпишувата нов договор.
Ова значи дека во јануари може да биде прилично евтин за потенцијалните купувачи на кои им треба добар играч од средниот ред.
Во секој случај, Арсенал ќе се обиде да заработи пари од него со продажба во јануари затоа што ако чекаат до лето тогаш трансферот ќе биде без пари. За услугите на Арон Рамзи се заинтересирани уште ПСЖ и Баерн Минхен.