Реал Мадрид сака да ги привлече Пабло Сарабија од Севиља и Кристијан Ериксен од Тотенхем, соопштуваат шпанските медиуми.
26-годишниот Сарабија е играч кој потекнува од школата на европскиот клупски шампион и има еден одигран натпревар во дресот на Реал Мадрид во 2009 година. Раководството на Реал Мадрид ја разгледува можноста за враќање на играчот од средниот ред кој игра одлично во Севиља.
Сарабија може да го замени Иско, кој е во несогласување со тренерот Сантијаго Солари и сака трансфер. Во актуелната сезона, Пабло Сарабија има одиграно 16 натпревари и постигнато 6 гола за Севиља.
Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен исто така е следен од раководството на Реал Мадрид последните години, а во текот на летото неговото купување исто така ќе стане главен приоритет за раководителите на мадриѓаните. 26-годишниот плејмејкер има договор со Тотенхем до крајот на сезоната 2019/20 и не брза да потпише нов договор. Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, предупреди дека Ериксен би можел да замине летото 2019 година.
„Се надевам дека Ериксен ќе остане, но само од него зависи што ќе направи. Има право на избор. Се е прашање на преговори и секојастрана има свои интереси “, коментираше Почетино пред британските медиуми.