Реал Мадрид е подготвен да понуди огромни 132 милиони фунти за да ги обезбеди услугите на ѕвездата на Ливерпул, Садио Мане.
Сенегалецот оваа сезона е повторно водечка фигура во составот на Јирген Клоп и важи за еден од најдобрите напаѓачки крила во светот.
Според авторитетниот француски весник „Франс Фудбал“, „кралскиот клуб“ размислува за понуда од околу 132 милиони фунти за да го добие играчот на „црвените“. Се верува дека Реал Мадрид е единствениот клуб што би можел да го натера Мане да си замине од „Енфилд“ ова лето.