Килијан Мбапе ќе биде претставен како фудбалер на Реал Мадрид во средината на јули.
Според –„L’Equipe“, тоа треба да се одржи на 15 или 16 – но датумот може да се промени, во зависност од резултатите на францускиот тим на Европското првенство.
„Кралевите“ очекуваат на промоцијата на „Сантијаго Бернабе“ да бидат присутни околу 80.000 фанови. Целиот настан ќе биде проследен со посебна програма и огномет.