Реал Мадрид ја продолжува потрагата по нов напаѓач. Клубот е свесен дека на долг рок треба да најде алтернатива за Карим Бензема и во моментов се разгледуваат различни опции. Сепак, на „Сантијаго Бернабеу“ немаат намера да избрзуваат со одлуката, па дури се подготвени да чекаат до јануари за да го најдат најпогодниот фудбалер за оваа улога, тврди „Марка“.
Потрагата по нов напаѓач продолжува, а во меѓувреме, главниот товар на играта пред противничкиот гол ќе падне на грбот на Бензема, кој во моментов нема речиси никаква алтернатива, особено откако клубот се раздели со Лука Јовиќ и Борха Мајорал, а Маријано Дијаз е пред трансфер во Селта или Фенербахче.