Денеска на пладне, во градот Фојсисберг во Швајцарија, селекторот на нашата фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски ќе го направи првиот собир на нашата репрезентација во пресрет на првиот од двата последни меча во групната фаза од Лигата на Нации.
Според најавите, само Пандев и Алиоски треба да задоцнат со пристигнување во Швајцарија, додека останатите навреме треба да се појават на собирот. Македонија во Вадуц на 16 ноември го игра дуелот со селекцијата на Лихтенштајн, додека последниот меч со Гибралтар ќе го одиграме следниот понеделник против селекцијата на Гибралтар на домашен терен.