Македонската фудбалска репрезентација, утрово замина за Тбилиси каде утре во 18 часот по македонско време треба да го одигра и вториот меч од УЕФА Лигата на нации против селекцијата на Грузија.
За овој меч селекторот Игор Ангеловски нема да смета на услугите на Иван Тричковски и Кире Ристевски, кои и не отпатуваа за Грузија поради повреда. Попладнево по пристигнувањето, нашата селекција треба да има тренинг на стадионот каде ќе се игра средбат аи покела да ја подготвува тактиката за утрешниот дуел.
#Македонија замина за Тбилиси!
#НапредМакедонија | 🇲🇰#СегаЕНашеВреме | #МКД
Posted by Фудбалска Репрезентација на Македонија on Понеделник, 07 септември 2020