Ракометарите на Шпанија го користат денов за подготовка за утрешниот меч со Македонија во рамките на 4 коло во групата „Б“ на Мундијалот во Данска и Германија.
„Фуријата“ во арената во Минхен од 20.30 часот ќе влезе како фаворит во мечот против избраниците на Раул Гонзалес со тенденција да го задржи победничкиот чекор. Шпанците досега славеа против Бахреин, Исланд и Јапонија додека Македонија по триумфите со „самуарите“ и азискиот тим, вчера претрпе пораз од Хрватска. Шпанскиот селектор, Жорди Рибера, е свесен дека неговите ракометари не го покажуваат вистинскиот квалитет и дека мечеви ги добиваат навистина тешко.
„Македонија форсира добро игра „седум на шест“. Ние ќе мора да го подигнеме нивото во одбраната. Ќе мора да бидеме подобри во повеќе елементи“ –изјави Рибера.