Рускиот милијардер Дмитриј Риболовљев, кој е сопственик на Монако, нема намера да го продаде клубот во блиска иднина, и покрај проблемите со законот. Ова го најави потпретседателот на тимот, Вадим Василиев .
„Ако еден ден се оствари сонот на Риболовљев и Монако ја освои Лигата на Шампионите, тогаш можеби тој ќе го продаде клубот“, вели Василиев.
Пред неколку дена сопственикот на Монако беше притворен во врска со судска истрага против него по обвиненија за корупција и недозволена трговија. Подоцна бизнисменот бил ослободен од притвор, по што го напуштил Монако и пристигнал во Москва.