Спортскиот директор на фудбалскиот состав Рома, Џанлука Петраки, не крие дека е бесен на главниот судија, Давиде Маса, кој и поништи погодок на „волчицата“ на денешниот меч со Калјари кој заврши 1 спрема 1.
Домаќините преку Никола Калиниќ ја погодија мрежата на гостите во самиот финиш, но, судијата процени дека напаѓачот го турнал дефанзивецот на гостите кој потоа се судри со голманот. Судијата се постави многу лошо од самиот почеток. Ние од коло во коло сме жртви на судиски неправди“ – изјави Петраки.
„Одлуката да се поништени голот е смешна. Писканте не падна туку налета на голманот, се судри и тука се повреди. Зошто од ВАР собата не му сугерираа дека се било чисто?“- нагласи Петраки кој не сакаше да ги коментира грдите сцени по мечот кога домаќините буквално го обиколија главниот судија и реагираа крајно непристојно.