Министерот за спорт Борко Ристовски, му го честиташе успехот на каратистот, Стефан Стојановиќ, кој се врати со бронзен медал од Светското првенство за кадети, јуниори и младинци У21 што се одржа во Венеција, Италија.
-Овој резултат значи голем промоција за македонското карате и за македонскиот спорт. Медалот од СП е доказ за големата посветеност и за талентот на нашитемлади спортисти и дава дополнителен мотив да продолжиме со поддршка и развој на спортот во Македонија. Честки за Стефан, за неговите тренери и за целата македонска репрезентација која достојно не претставуваше на Светскотопрвенство за млади категории – истакна министерот Ристовски.
Стојановиќ е единствениот каратист од Македонија со две одличја од два мундијала во У-21.