Левиот бек на фудбалскиот состав Ливерпул, Енди Робертсон, не сака Лео Меси да направи трансфер во клуб од Премиер лигата. Аргентинецот кој побара да си замине до „Камп Ноу“ има реална шанса да заигра за Манчестер Сити.
„Од потполно себично гледиште, се надевам дека тој ќе остане во Барса. Воопшто не го сакам во близина на Премиер лигата и се надевам дека така ќе остане“ – вели шкотскиот интернационалец.
„Играв двапати против него и тоа се најтешките мечеви што сум ги имал. Треба постојано да внимаваш, тој може да се појави од никаде“ – вели играчот на Ливерпул.