Интернационалецот од Шкотска во редовите на Ливерпул, Енди Робертсон, вели дека е рано да се размислува за титулата во Премиер-лигата.
Неговиот тим е лидер на табелата со девет бодови предност во однос на Арсенал и Челзи и дури 11 бодови пред бранителот на тронот, Манчестер Сити.
„Ништо не се освојува во декември. Титулата се доделува во мај. Се надеваме дека тогаш ќе бидеме на врвот“ – вели дефанзивецот.