Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс, може да ја продолжи кариерата преку „големата бара“ во првенството на Соединетите Американски Држави, тврдат дел од медиумите.
Според нив, екипата на Сент Луис Сити сака да го ангажира 34-годишниот Германец кој во текот на летото ќе си замине од Борусија Дортмунд.
Тој на 39 сезонски натпревари постигна 8 голови и направи 9 асистенции.