Италијанскиот стручњак Даниеле Де Роси ја напушти функцијата тренер на Рома. Ова го објави официјалниот сајт на клубот.
Рома денес соопшти дека го ослободила Даниеле Де Роси од функцијата тренер на првиот тим.
Одлуката на клубот беше донесена во најдобар интерес на тимот да може брзо да продолжи по посакуваниот пат додека сезоната е сеуште на самиот почеток.
„Голема благодарност до Даниеле Де Роси за работата што ја направи овие месеци со страст и посветеност“, се вели во соопштението на клубот.
Рома е на 16. место на табелата во италијанскиот шампионат со освоени три бода од четири натпревари.