Раководството на Рома се договори за личните услови со една од младите ѕвезди на Ајакс и холандскиот фудбал Џастин Клајверт. Сега останува двата клуба да ја договорат трансферната сума за младиот играч.
Според последните информации, синот на поранешниот напаѓач на Барселона Патрик Клајверт се надева дека Ајакс нема да му прави проблеми за преселба на „Олимпико“ и очекува што поскоро да се најде во составот на римјаните.
Првичната понуда на Рома за Клајверт е 10 милиони евра, но Холанѓаните не сакаа ни да слушнат за предлогот, па сега Рома треба сериозно да ја зголеми сумата ако го сака младиот фудбалер во својот тим ова лето.