Напаѓачот на Барселона, Осман Дембеле ја комплетираше својата преселба во Пари Сен Жермен, објави инсајдерот Фабрицио Романо на својот Твитер профил.
Според изворот, 26-годишниот Французин во следните неколку дена ќе потпише петгодишен договор со Парижаните, играчот веќе го поминал лекарскиот преглед. Барселона ќе добие 50 милиони евра за Осман, кој е во каталонскиот клуб од 2017 година. Претходно, напаѓачот настапуваше за Борусија Дортмунд и Рен.
Во сезоната 2022/2023, Дембеле имаше 35 настапи за Барселона во сите натпреварувања, во кои постигна осум гола и девет асистенции.
Договорот на играчот со каталонскиот клуб е со важност до крајот на јуни 2024 година. Проценетата цена на фудбалерот, според интернет порталот Трансфермаркт е 60 милиони евра.