Мегаѕвезда на Реал Мадрид и светскиот фудбал, Кристијано Роналдо, изјави дека нема дилеми дали во 93-тата минута вчера имаше пенал за Реал или не.
„Не разбирам зошто Јуве протестираше, бидејќи несомнено тоа беше прекршок за пенал. Ако не направеа прекршок тоа ќе беше гол“, изјавил Роналдо.
„Овој меч е голема лекција за нас. Во фудбалот ништо не доаѓа како подарок. Треба да се борите до самиот крај. Реал можеше да постигне неколку голови, но Јуве и Буфон силно тргнаа“, дополни Португалецот.