Во Португалија се одржа церемонијата за доделување награда за најдобар фудбалер на земјата. По рекорден 10-ти пат оваа титула му беше доделена на Кристијано Роналдо.
Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо во финалниот избор беше подобар од напаѓачот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс и играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Бернардо Силва .
Минатата сезона 34-годишниот Роналдо го освои италијанскиот шампионат со Јувентус. Заедно со репрезентацијата на Португалија, играчот го освои главниот трофеј во Лигата на нации.
Претходно, Кристијано Роналдо, заедно со напаѓачот на Барселона, Лионел Меси и дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк, влегоа во списокот на кандидати за титула најдобар играч на годината според Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). Церемонијата на доделувањето на наградите на ФИФА ќе се одржи на 23 септември во Милано.