Техничкиот директор на Милан, Жофре Монкада ги смири навивачите со изјавата дека успешно течат преговорите за обновување на договорите на Мајк Маињан и Тео Ернандез .
„Разговорите започнаа пред два месеца и можам да кажам дека се одвиваат многу добро. Сигурно и двајцата се среќни во Милан и немаат желба да си заминат“, коментира Монкада.
„Тео Ернандез може да биде лидер на тимот. Тој е сеуште млад и пред него е неверојатна кариера“, изјави Монкада.