Кале Рованпера откако ја освои втората последователна титула во Рели шампионатот со што се изедначи со Карлос Саинц, Валтер Рогл, Маркус Гренхолм и Мики Биазион, најави дека ќе направи пауза.
Според – rallye-magazin.de, тој размислува да земе една година одмор од трките и обемот на работа во „WRC“.
Тоа значи дека тимот на Тојота брзо ќе мора да најде замена за светскиот шампион. Кале некое време се жали дека е под огромен стрес и дека е често на работ на исцрпеност.