39-годишниот кошаркар на шпанската кошаркарска репрезентација Руди Фернандез официјално стана првиот во историјата кој учествувал на шест Олимписки игри. Оваа бројка ја постигна откако влезе на теренот во натпреварот од 1. коло од групната фаза. Репрезентацијата на Шпанија денеска во премиерниот меч на ОИ загуби од Австралија со 92:80.
Американката Дијана Таураси ќе стане и првата кошаркарка во историјата што го постигнала овој подвиг кога ќе излезе на теренот против Јапонија во понеделник.