Карл-Хајнц Румениге , претседателот на Управниот одбор на Баерн Минхен , призна дека напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане некогаш можел да биде дел од тимот на Баерн Минхен.
Сенегалскиот напаѓач го привлекол вниманието на клубот од Минхен кога се преселил во Ред Бул Салцбург од францускиот Мец.
„Бевме сериозно заинтересирани за Мане, но поради некоја причина не можевме да го организираме неговиот трансфер. Прво замина во Саутемптон, а потоа во Ливерпул“, изјави Румениге.
Големата брзина и одличниот талент на Мане ќе беше одличен за Баварците по заминувањето на Френк Рибери и Аријен Робен. Оваа сезона, сенегалскиот напаѓач учествуваше на 14 натпревари од шампионатот на Англија, постигнувајќи 8 голови и 4 асистенции.