Вчерашната голеада во Премиер лигата постави рекорд во однос на постигнатите голови во англиската елита за еден ден, во кои не беа одиграни повеќе од четири натпревари.
Вчера се одиграа четири натпревари во Премиер лигата, а сите екипи постигнаа барем по еден гол. На првите два натпревари во денот беа постигнати седум погодоци. Евертон го совлада Вест Бромвич Албион со 5:2, а Лидс со 4:3 го победи Фулам. Потоа следуваше изненадувачкиот пораз на Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ со 1:3 од Кристал Палас, а доцна вечерта Арсенал победи со 2:1 во лондонското дерби против Вест Хем. Така, на овие четири натпревари беа постигнати вкупно 21 гол.
Инаку, на „Боксинг Деј“ во 1963 година, тимовите во англиската елита успеаја да постигнат 66 гола, но на десет натпревари.