Возачот на Ферари во Ф1, Карлос Саинц, нема да се појави на вториот тренинг на патеката во Лас Вегас откако на првата сесија имаше сериозен инцидент и практично го уништи неговиот болид.
По враќањето на возилото во гаражата на Скудерија, механичарите ја процениле штетата а шефот на тимот, Фредерик Васер бил бесен за инцидентот.
„Имаме големи оштетување на моторот и акумулаторот. Ова е неприфатливо. Ќе не чини цело богатство. Целата сесија на Карлос беше уништена“ – вели Васер.