Возачот во Формула 1, Карлос Саинц, кој го освои шестото место на трката во Јапонија, вели дека бил крајно изнервиран на одлуката на Ферари за тоа кога треба да влезе во пит-стоп.
„Пред боксот бев 1 секунда пред Луис а потоа 8 секунди зад него. Генерално, нашето тркачко темпо беше добро а јас бев задоволен од однесувањето на болидот“ – потенцираше Саинц.
„Морам да бидам задоволен иако загубив една позиција. Со моето второ влегување во боксот работите воопшто не се променија“ – потенцираше Шпанецот по трката на „Сузука“.