Фудбалските состави од Англија, Манчестер Јунајтед и Челзи, се заинтересирани за играчот од средниот ред на ПСВ (Ајндховен), Ибрахим Сангаре.
Според наведеното од страна на – „Sky Sports“, 24-годишниот фудбалер во неговиот договор има клаузула за ослободување во висина од 8 милиони евра.
ПСВ го привлече Сангаре од Тулуз во септември во 2020 година. Тој во изминатата сезона одигра 49 натпревари во сите конкуренции.