Англискиот фудбалски состав Челзи има намера во текот на летниот трансфер период да го ангажира фудбалерот на Севилја, Пабло Сарабија.
26-годишниот Шпанец во тековнава сезона во Примера Дивизион има одиграно 21 меч на кои постигна 8 голови и направи 7 асистенции. Тој може да биде максимално корисен бидејќи игра на неколку позиции во нападот а може да дејствува и во дефанзивата. Луѓето од Челзи ќе продолжат да ги следат настапите на Сарабија пред да донесат одлука дали ќе го ангажираат на стадионот – „Стемфорд Бриџ“.
Луцидниот голгетер неодамна одби милионска понуда од Кина со надеж дека ќе направи трансфер во Премиер лигата.