Новиот тренер на Јувентус, Маурицио Сари има желба да го доведе во клубот напаѓачот на Манчестер Сити Габриел Жезус, соопштува „Раи Спорт”.
Тренерот имал средба со спортскиот директор Фабио Паратичи, за да разговараат за идните трансфери на „Старата Дама” и Сари инсистирал за привлекување на бразилскиот репрезентативец.
Јувентус сака да купи централен напаѓач ова лето. Клубот е поврзуван со интерес кон Мауро Икарди и Ромелу Лукаку. Самиот Сари сепак смета дека Габриел Жезус е најдобрата опција за засилување на нападот, бидејќи најуспешно ќе соработува со ѕвездата на тимот Кристијано Роналдо.
Освен тоа привлекување на Габриел Жезус може да стане прилично лесно. Бразилецот останува втор избор за нападот на Манчестер Сити, каде прв избор е Серхио Агуеро.