Новиот тренер на екипата на Челзи, Маурицио Сари, наскоро ќе го објави фудбалерот кој во иднина ќе ја има улогата на капитен на „сините“ од Лондон.
Засега улогата на капитен ја има дефанзивецот Гери Кејхил, но 32-годишниот играч е без статус на првотимец, а покрај тоа може да го напушти клубот во јануари.
Италијански специјалист најверојатно ќе го направи изборот меѓу францускиот бек Аспиликуета и еден од најдобрите фудбалери во лигата, Еден Азар.
„Сакам да разговарам лице во лице со клубот и играчите пред да ви кажам за мојата одлука. Мислам дека тоа ќе биде вистински чекор ако мојот тим прв ја дознае одлуката“, изјавил Италијанецот.