Селекторот на Англија Герет Саутгејт беше исклучително среќен и задоволем по деншениот натпревар и победа против Хрвтаска со 2:1 и тоа со пресврт во финишот од натпреварот.
Со оваа победа Англија го освои првото место во својата група, со што си обезбеди учество во финалето во јуни 2019 година „Најмногу сум горд на моите момчиња“ – изјави Саутгејт за „Скај Спортс“ и додаде:
„Мислам дека ние ја диктиравме играта во поголемиот дел од натпреварот, а во првото полувреме имавме неколку добри можности и требаше да водиме. И тогаш направивме многу голема грешка која се покажа како одличен тест за нашата трпеливост и сила. И по извонредниот фудбал што го покажавме, стигнавме до гол. Можеби не сме нова Англија, можеби сме стара Англија.
Многу сум горд на она што играчите го направија – не само денес, туку и во текот на целата година. Луѓето го гледаат духот во нашите редови, и не сум слушнал толку долго „Вембли“ да звучи вака. Победивме многу силен тим. Има тимови како Германија и Франција, но ако го погледнете рејтингот на нашите ривали, ќе видите дека беше мбогу тешко. Затоа е голем чекор за нас што одиме понатаму. Играчите се гладни за успеси и почнуваат да веруваат во себе. Ние направивме одлична работа оваа година” истакна Саутгејт.